K18 MIST 150ML

6,490 ден

K18 Biomimetic Hairscience професионален РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ТРЕТМАН во спреј со ПЕПТИДИ, за целосно регенерирање влакното.

Опис

K18 Biomimetic спрејот е реконструктивен професионален производ како дел од салонскиот третман во 2 ЧЕКОРИ, за спречување на секаков вид на оштетување на косата.

К18Peptide™ патентиран молекуларен пробив, клинички тестиран дека го регенерира влакното.
Активните молекули на К18 пептидот за само 4 минути:
👉🏻 продираат до самото јадро на влакното, и на тој начин
👉🏻 повторно ги поврзуваат и
👉🏻 ги надополнуваат кератинските врски на влакното.

На тој начин, со спрејот ги спречуваат сите оштетувања настанати при:
▪️ бланширање или фарбање,
И со маската ги отстрануваат сите оштетувања настанати при:
▪️ бланширање или фарбање,
▪️ оштетување од топлина или
▪️ механички оштетувања.

Упатство за употреба на ЧЕКОР 1 – спрејот:
1. Подгответе ја косата со лесно навлажнување со вода.
2. Поделете ја косата на еднакви секции. Нанесете K18 спреј дел по дел. Потребната количина зависи од типот и состојбата на косата.
3. Почекајте спрејот да делува 4 минути за да се активира. НЕ плакнете.
Тие 4 минути се добро време за мешање или подготовка за вашата хемиска услуга.
4. Можете да ја исушите косата по истекот на 4 минути, доколку е потребно. Потоа нанесувате фарба или бланш.

По завршување на хемискиот процес продолжувате со ЧЕКОР 2 – маската:
1. Шампонирате, – не кондиционирате.
K18 маската се вклопува веднаш по шампонот (не нанесувате друга маска или кондиционер! ) и пред какво било чешлање или нанесување производ за стилизирање.
2. Темелно исушете со пешкир.
Потребно е косата да има доволно влажност за да може маската да се активира.
3. Поделете ја косата на еднакви секции. Почнете со нанесување една пумпица од К18 маската и додадете повеќе доколку е потребно, во зависност од должината, густината и оштетувањето на косата. Нанесувајте еднакво од врвовите до коренот, по една пумпица.
4. Оставете маската да делува 4 минути за да се активира. Не плакнете.
👉🏻 Откако ќе нанесете и ќе почекате 4 минути, си подолжувате со рутина и можете да правите што сакате, сушите или стилизирате. Не можете влијаете резултатот и К18 е единствен производ што НЕМА ЈО-ЈО ЕФЕКТ.
**производот не се плакне ‼

Се препорачува, за репарирање на косата маската да се користи за домашна употреба, првите 5-6 шампонирања последователно на секое миење, а потоа на секое 3-то или секое 4-то миење, за одржување.