MATRIX INSTACURE CONDITIONER 300ML
Matrix Instacure регенератор против кршење на сува и оштетена коса 300мл
Регенераторот Matrix – Instacure содржи течни протеини, ја храни косата и помага во подобрување на силата, за да се намали кршењето на сува, кршлива и оштетена коса.
Регенератор ја исполнува косата, создавајќи изедначена и избалансирана површина. Формулиран без: сулфат, силикон и парабен.
Начин на употреба:
По шампонот против кршење, нанесете четвртина количина од регенераторот и исплакнете. Потоа нанесете спреј против кршење. Во случај на контакт со очите, веднаш исплакнете.
MATRIX INSTACURE SPRAY 200ML
Matrix Instacure спреј кој не дозволува кршење на влакното од косата, збогатен со Б5 протеин, спречува порозност
Instacure спрејот за порозност против кршење на косата е збогатен со течен протеин + Б5, ја пополнува порозноста и видливо ги намалува расцветаните врвови, додека ја измазнува кутикулата и го контролира разлетувањето на косата. Спрејот ја храни косата и помага во подобрување на силата за да се намали кршењето на сувата, кршлива и оштетена коса. Добивате 60% помалку кршење на косата при користење на Instacure Porosity спрејот. Има веганска формула без сулфати и ја балансира pH вредноста.
Начин на употреба:
По употреба на шампон и регенератор против кршење, испрскајте на чиста, влажна коса од средната должина на косата кон врвовите. Не плакнете.
Третира (тип на проблем):
Сува, кршлива и оштетена коса
Ефект (главни придобивки од производот):
Спречува порозност на косата
MATRIX KEEP ME VIVID COLOR LAMINATION 200ML
Ве плаши избледувањето на бојата на косата? Нема потреба! Зачувајте ја бојата на косата во домашни услови со Keep Me Vivid Color Lamination спрејот за коса, додавајќи го во вашата рутина за нега на коса неколку пати неделно. Со употреба на овој систем, бојата на вашата коса ќе се задржи и до 21 миење и притоа ќе има зголемен сјај.
Веднаш по користење на салонска услуга за боење на коса, започнете со употреба на Keep Me Vivid Color Lamination спрејот. По услугата, внесете го спрејот во вашата домашна рутина за нега на косата. Висока одржливост на бојата на косата, која ќе остане вибрантна 65 денови*
*Кога е употребен како систем од Keep Me Vivid шампон, балсам и Color Lamination спрејот
КАКО СЕ КОРИСТИ: Начин на употреба во домашни услови: 1. Измијте со Keep Me Vivid шампон, исплакнете. 2. Нанесете Color Lamination спреј на косата, почекајте 1-5 минути. 3. Нанесете Keep Me Vivid балсам за коса, исплакнете.
MATRIX KEEP ME VIVID COLOR VELVETIZER 100ML
Дали посакувате балсам за стилизирање на косата со измазнувачки способности и UV филтер кој делува како заштитник од топлина? Имате среќа! Keep Me Vivid Color Velvetizer leave-in третманот има UV филтер за заштита на бојата, а воедно овозможува и заштита од топлина и ја подготвува косата пред нејзино природно сушење или сушење со фен.
MATRIX OIL WONDERS INDIAN AMLA 125ML
Откријте го маслото за коса Indian Amla. Зајакнувачки мирисен третман формулиран со масло од индиска амла. Ја обновува кревката, ослабена коса и ја враќа нејзината сила, воедно зголемувајќи ја нејзината мекост и сјај. Маслото е погодно за сите типови коса.
ПОВЕЌЕНАМЕНСКА УПОТРЕБА: Нанесете 1-2 испумпувања пред шампонирање, за време на нанесување балсам на косата, или како завршен третман. Употребете повеќе или помалку во зависност од густината на косата.
КОРИСТ: Маслото Indian Amla обезбедува 4 пати повеќе сила на вашата коса*.
*кога е употребено како систем: шампон, балсам за коса и масло Indian Amla наспроти шампон без балсам
MATRIX SETTER MOUSSE
Matrix Setter Mousse пена за моделирање и обликување на косата
Бестежинска пена за волуменско подигање и сјај на косата, што овозможува траен, стилски изглед.
Професионалните формули го менуваат обликот на косата и обезбедуваат елегантни опавчиња, обемни кадрици и сè помеѓу нив.
Мирисот вклучува горни ноти на лимон, јаболко и лубеница.
Веганско и дерматолошки тестирана формула.
Начин на употреба:
-Добро протресете. Истурете во дланката. Нанесете на чиста, влажна коса. Сушете со фен за да додадете волумен.
-Нанесете на сува коса за лесен, текстурален изглед.
Ефект (главни придобивки од производот):
Ја моделира и обликува колата
MATRIX STYLELINK TEXTURE BUILDER 150ML
Текстуризирачки спреј за коса за завршување и задржување на изгледот на косата со воздушеста текстура. Таргетираното нанесување помага во задржување на волуменот. Инстантно подигнување и текстура.
Начин на употреба:
Нанеси на сува коса. Добро протреси пред нанесување и прскај на 10-15 цм оддалеченост од коренот.
MATRIX TOTAL RESULTS BRASS OFF SHAMPOO 300ML
Matrix Total Results Brass Off шампон за неутрализација на бакарни тонови на темно или светло кафеава коса 300мл
Total Results Brass Off е професионален шампон кој ја чисти косата, ги неутрализира топлите бакарни тонови, истовремено освежувајќи ја вашата коса со ледени тонови. Идеален за брунети кои ја осветлиле косата, овој шампон ги положува своите сино-виолетови пигменти со цел да се редуцираат бакарните тонови.
КАКО СЕ КОРИСТИ: Со носење на соодветни ракавици, нанесете на мокра коса, запенете, а потоа добро исплакнете. Пред да исплакнете, оставете го шампонот да делува 3-5 минути. Продолжете со Brass Off балсамот за коса. За неутрализација, употребувајте го шампонот секој втор ден.
MATRIX TOTAL RESULTS COLOR OBESSED CONDITIONER 300ML
Matrix Total Results Color Obsessed регенератор за заштита на боја на коса 300мл
Color Obsessed балсамот за коса со антиоксиданти, ја заштитува бојата на косата од избледување и ја продолжува нејзината живост.
Порозната коса е зајакната, и има брилијантна боја и сјај.
КАКО СЕ КОРИСТИ: По употреба на Color Obsessed шампонот, нанесете на мокра коса. Измасирајте. Исплакнете. Во случај на контакт со очите, исплакнете ги веднаш.
MATRIX TOTAL RESULTS COLOR OBESSED SHAMPOO 300ML
Matrix Total Results Color Obsessed шампон за заштита на боја на коса 300мл
Трајната, брилијантна боја на коса може да биде тешка за одржување. Со Total Results Color Obsessed шампонот, обоената коса е обновена и влажна. Шампонот помага и во зацврстување на порозната, оштетена коса. Овој шампон со антиоксиданти, ја заштитува бојата од избледување, додава волумен на коренот и го продолжува животот на бојата на коса.
КАКО СЕ КОРИСТИ: Нанесете на влажна коса. Запенете. Исплакнете. Продолжете со Color Obsessed балсамот за коса. Во случај на контакт со очите, исплакнете ги веднаш.
КОРИСТ:
Заштитува од надворешни влијанија.
Ја одржува живоста на бојата.
Ја штити бојата од избледување.
Порозната коса е зајакната со брилијантна боја и сјај.
Овозможува заштита на бојата и до 32 миења*.
*Со системот од професионални производи составен од Color Obsessed шампон, балсам за коса и Miracle Treat 12 наспроти шампон без балсам.
MATRIX TOTAL RESULTS CURL PLEASE CONDITIONER 300ML
Curl Please балсамот за нега збогатен со масло од семе од јојоба, помага во хидрирање на брановидната и кадрава коса за да го подобри изгледот и да ги дефинира локните.
КАКО СЕ КОРИСТИ: По употреба на Curl Please шампонот, нанесете на мокра коса. Измасирајте. Исплакнете. Во случај на контакт со очите, исплакнете ги веднаш.











