SERIE EXPERT METAL DETOX CONCETRATED OIL 50 ML
Концентрирано масло кое го штити влакното од наслаги на честички после каква било услуга за боја, балајаж или осветлување и спречува кршење на влакното.Косата е веднаш помазна, помека и повеќе негувана.Збогатено со гликоамин, ова концентрирано масло ја штити косата од таложење на честички од метал.
Бенефити:
SERIE EXPERT METAL DETOX CREAM 100ML
Професионален Leave-In третман – крема што не се плакне, за вашата коса. Концентрирана крема со 1% гликоамин, со висока заштита, го отстранува металот* од косата и ја штити од таложење на нови честички, за да го спречи кршењето и промената на бојата.
Долготраен професионален третман кој нуди:
Интензивна хидратација и исхрана на косата,
72 часа антифриз ефект,
Термичка заштита (до 230°),
УВ филтер,
83% повеќе дефиниција / дисциплина,
извонреден мирис, и
не ја натежнува косата.
SERIE EXPERT PRO LONGER 10 IN 1 CREAM 150 ML
Повеќенаменска крема што не се измива, за долга и кршлива коса.Крема формулирана за оние со бујна и долга коса што страда од слабеење. Наменета за заштита и обновување, кремот за коса може да се пофали и со топлинска заштита до 230 степени, помагајќи да ги задржите врвовите во подобра состојба кога користите алатки за зацврстување и виткање.Збогатен со филер А-100 технологија, ексклузивна мешавина на аминокиселини,косата ќе има поцелосен изглед благодарение на негувањето кое делува под површината, помагајќи да се создаде изглед на дебелина која изгледа ревитализирана. Бидејќи растењето и одржувањето на долга коса може да биде тешко, кремот нуди видливо намалување на кршливоста на краевите за 43%, оставајќи ги врвовите да изгледаат елегантни, сјајни и мазни.
Се нанесува на измиена и просушена коса со пешкир. Не се плакне.
SERIE EXPERT VITAMINO COLOR 10 IN 1 SPRAY 190 ML
Мултифункционален спреј за сите типови фарбана коса со 10 бенефити за подобрување на изгледот на фарбаната коса:
1. Tермална заштита 180 степени
2. Сјај
3. Мекост
4. Хомогеност
5. Хидратација
6. Расчешлување
7. Помош при сушење
8. Против кршење
9. Ги штити врвовите
10. Намалува фриз ефект.
Начин на употреба: испрскајте на мокра исфротирана коса и обликувајте по желба. Не се плакне.
SESSION LABEL FLEXIBLE 300 ML
Лесен и сув спреј за коса кој веднаш се суши. Овозможува полесно чешлање, со што косата станува полесна за одржување при создавање фризури.
Начин на употреба: Нанесете на сува коса во одалеченост од 30cm, нанесете слоевито за поголема трајност.
SESSION LABEL THE DEFINER 150 ML
Крема за контрола и усовршување на природните локни.
Ги подобрува, контролира и усовршува природните локни. Формула со пчелин восок и пантенол, која ја остава косата полна и хидрирана. Ја заштитува косата од оштетување со топли алатки до 230⚬C.
Начин на употреба: Нанесете на влажна коса од коренот до врвовите на кадрава коса.Оставете да се исуши косата сама или исушете ја со фен.
SESSION LABEL THE MIRACLE 50 ML
Намена: Повеќенаменски балзам со кој се подготвува косата за стилизирање, заштитува и овозможува дефинирање. Ја заштитува од топлина до 230°C.
Начин на употреба: Нанесете мала количина рамномерно на мокра или сува коса. Обликувајте по желба.
SESSION LABEL THE MOUSSE 200 ML
Пена за волумен која овозможува лесна текстура, флексибилност и волумен на цела коса. Формулата содржи полимер за обликување со највисоки перформанси.
Начин на употреба: Добро протресете и нанесете на влажна коса, фокусирајте се на коренот за дополнително поткренување.
SESSION LABEL THE MUD 65 ML
Паста за обликување која создава сува и бујна текстура кај кадравата коса. Формула создадена од восок од бобинки и скроб од тапиока. Јагленот во формулата обезбедува мат завршеток.
Начин на употреба: Нанесете мала количина на коренот за поголем волумен на кратка или долга влажна коса од коренот кон врвовите. Нанесете на сува коса и обликувајте за совршен изглед.
SESSION LABEL THE PASTE 65 ML
Мат паста за флексибилна текстура и мат завршеток. Ги подобрува природниот облик и дефиницијата. Веганска формула. Формулата со восок од бобинки и скроб од тапиока обезбедува средна јачина.
Начин на употреба: Нанесете на сува коса, формирајте и обликувајте завршен изглед.
SESSION LABEL THE POWDER 8 GR
Пудра за стилизирање и поголем волумен, создава одлична основа за поткренати фризури со совршена цврстина. Формула која овозможува совршена мат, сува текстура.
Начин на употреба: Нанесете на сув корен за дополнително поткренување, нанесете по должина за поголем волумен и текстурален изглед и обликувајте за совршен изглед.
SESSION LABEL THE SALT 200 ML
Солен спреј за груб и разбушавен изглед. Ја зајакнува текстурата и зацврстувањето, прави косата да изгледа густо и полно.
Начин на употреба: Се нанесува на мокра или сува коса и се обликува по желба.











