SCHWARZKOPF BC SUN PROTECT SUMMER FLUID 100ML
1.270,00 ден
Намена: Бестежинска крема со 10 придобивки за косата, за нега, заштита и обнова на косата од штетните УВ зраци.
Дејство: Ова лето подгответе се да уживате во сонцето со BC Sun Protect 10-in-1 Summer Fluid. Оваа повеќенаменска крема за коса, ќе ја негува и заштити косата преку целото лето. Штетните УВ зраци, посебно при долго изложување на сонце, може да придонесат до дехидрирање на косата, нејзина кршливост и кинење и отежнато расчешлување.
Специјалната формула од ледено кокосово масло и шеа путер, обезбедува 10 придобивки за косата:
- Заштитува од штетните УВ зраци
- Ја обновува косата која е оштетена од сонце.
- Ја намалува кршливоста на косата.
- Ја скротува непослушната коса.
- Заштитува од топлина при фенирање, виткање, исправување и стилизирање.
- Ја заштитува бојата на косата.
- Безболно и лесно ја расчешлува.
- Обезбедува висока хидратација.
- Го намалува распукнувањето на врвовите.
- Обезбедува висок сјај.
Воедно, оваа крема е идеална за транспорт, без да заземе голем простор во несесерот. Со оваа крема, каде и да патувате, лесно можете да ѝ ја подарите потребната нега и здравје на косата.
Начин на употреба: Нанесете мала количина од производот на сува или влажна коса. Не се измива.














