MATRIX TOTAL RESULTS SO SILVER SHAMPOO 300ML
Matrix Total Results So Silver виолетов шампон за неутрализација на жолти тонови 300мл
Total Results So Silver е професионален шампон кој ја чисти косата, ги неутрализира несаканите топли бакарни тонови, и ги елиминира безживотните, жолти тонови. Ги осветлува прамените кај русокосите, и додава блескава светлина на обоената и природната коса со нијанси од сива до бела.
КАКО СЕ КОРИСТИ: Со носење на соодветни ракавици, нанесете на мокра коса, запенете и добро исплакнете. Повторете доколку е неопходно. За максимални резултати, второто запенување оставете го да постои 3-5 минути. Продолжете со Total Results So Silver балсамот за коса.
Мерки на претпазливост: Овој производ содржи состојки кои можат да предизвикаат иритација на кожата кај одредени лица, па затоа прво е потребно да се направи прелиминарен тест според насоките во продолжение. Овој производ не смее да се користи за боење на трепките или веѓите – може да предизвика слепило. Избегнувајте контакт со очите и кожата (освен на местото каде е нанесен производот). Доколку дојде до контакт, исплакнете темелно со вода. Чувајте го подалеку од дофат на деца. Не го консумирајте. Носете ракавици за еднократна употреба при нанесување. Темелно измијте ги рацете по употребата. Не користете на чувствителен или иритиран скалп. Изведете го следниов тест за алергија на кожата 48 часа пред секоја употреба на овој производ, бидејќи алергиите можат да се развијат неочекувано, дури иако вие или вашиот клиент претходно употребувал производ за боја на коса од овој бренд или друг. Тест за алергија на кожа: со вода и сапун измијте еден мал дел на вашиот/на лактот на вашиот клиент. Исушете го со употреба на памучен туфер. Нанесете од производот на тест местото со памучен туфер или апликатор со памучен врв. Оставете го местото да се исуши. Тест местото не треба да го миете, покривате или вознемирувате 48 часа. Потребно е повремено да го проверувате во текот на тие 48 часа. Доколку вие или вашиот клиент искуси некакви реакции, како што се: црвенило, печење, чешање, оток, исфрлање или иритација, тогаш не треба да го користите производот или било кој друг производ за боја на коса без претходна консултација со лекар.
КОРИСТ:
Ги неутрализира топлите бакарни тонови и ги елиминира безживотните жолти тонови.
Ги осветлува светлите прамени кај русокосите.
Додава светлина на обоената и природна коса со нијанси од сива до бела.
MATRIX TOTAL RESULTS TEXTURE GAMES SHAMPOO 300ML
Rock It Texture шампонот со полимери, помага во зајакнување на структурата на кратката и брановидната коса за да ѝ овозможи стилизирана дефиниција.
Косата е структурирана и подготвена за долготраен изглед.
КАКО СЕ КОРИСТИ: Нанесете на влажна коса. Запенете. Исплакнете. Продолжете со Rock It Texture балсамот за коса. Во случај на контакт со очите, исплакнете ги веднаш.
MATRIX TOTAL RESULTS UNBREAK MY BLOND REVIVING TRAITEMENT 150ML
Matrix Total Results Unbreak My Blond Reviving третман без одмивање за нега на руса коса 150мл
Третман за руса и оштетена коса кој е збогатен со цитрусна киселина за зацврстување, мекост и сјај. Го оживува секој тип на коса и текстура која била подложена на хемиски третман . Формулата ја оживува, хидрира и прави русата коса сјајна, мека и цврста
Начин на употреба: За најдобри резултати користи ја целата линија на производи Unbreak My Blond. Кремата се користи врз мокра коса по шампонирањето и нанесен балсам, нанесувајќи по должината и врвовите. Не се одмива.
MATRIX VAVOOM FREEZING SPRAY 500ML
Matrix Vavoom Freezing волумизирачки спреј за коса 500мл
Еден производ, многу бенефити: Matrix Vavavoom Freezing спрејот за коса може да се користи како ,,лак” за обликување на косата или пак како сув шампон. Неговата формула комбинира цврста и волуменозна коса која истовремено може да се користи врз масниот корен како шампон за суво миење. Брзо се суши, има чиста и лесна формула, дава волумен. сатенски сјај на косата и ја заштитува од фриз ефект.
Начин на употреба: Секојдневна употреба



