BONACURE R-TWO RENEWAL SEALER 145 ML
Начин на употреба: Нанесете на сува или влажна коса, распределувајќи рамномерно од средината на косата па се до врвовите. Не се измива.
Стручен совет: Погоден е за секојдневна употреба, после секое миење на косата или хемиски третман. Создаден е од чисти и вегански формули, без силикони и сулфати безбеден за секој тип на коса. За дополнителна нега, пред употреба на овој продукт, нанесете од R-TWO Restoring Essence распределувајќи го рамномерно од средината на косата се до врвовите.
BONACURE R-TWO RESCUING TREATMENT 200 ML
BC R-TWO Rescuing Treatment e богата маска специјално создадена за третирање на екстремно оштетена и хемиски третирана коса. Со својата Double Bonding технологија длабински продира во структурата на влакното и ги обновува раскинатите врски во него, притоа создава нови врски кои ги поправаат оштетените кератински синџири и истовремено ја заштитуваат косата од идни и повторливи оштетувања. Помага за лесно расчешлување и расплетување на косата. Не ја масти и натежнува дури и тенката коса. Ја прави косата помека и посјајна.
Начин на употреба: Нанесете количина од 25 до 30 грама на чиста и влажна коса. Оставете да делува 5 минути и темелно исплакнете.
Стручен совет: За најдобри резултати користете го еднаш или повеќепати во неделата во зависност од потребите на вашата коса. За дополнителна нега, пред употреба на овој продукт, нанесете од Restoring Essence распределувајќи го рамномерно по должината на косата, се до врвовите. За целосна обнова на косата, после употреба на овој производ, нанесете од R-Two Renewal Sealer на влажна или сува коса за нега и дефиниција на завршниот изглед.
BONACURE R-TWO RESSETING SHAMPOO 250 ML
BONACURE R-TWO RESTORING ESSENCE 400 ML
Спреј наменет за екстремно оштетена и хемиски третирана коса, подложна на кршење и распукани врвови.
Успешно ја заштитува косата пред започнување со хемискиот третман. Со својата Double Bonding технологија ги репарира раскинатите структурни врски во влакното и го заштитува влакното пред започнување со третманот на бојадисување или избелување. Делува превентивно врз кршливоста на влакната и нивното понатамошно оштетување. Не влијае врз резултатот од боењето. Не ја масти и натежнува дури и тенката коса. Ја зачувува бојата на косата и го враќа природниот сјај.
Начин на употреба: Добро протресете го шишето и пред започнување на хемискиот третман, напрскајте го рамномерно на сува коса. Нежно измасирајте и оставете да се исуши. Не се измива.
Стручен совет: За двојна регенерација и заштита на косата, користете го во комбинација со еден од овие два производи: R-TWO Rescuing Treatment или Renewal Sealer. Се употребува пред процесот на боење и избелување. Доколку е потребно да се направи нов третман за избелување R-Two Restoring Essence може повторно да се нанесе. (Ова се однесува само за третманот со избелување). Составен е од чисти и вегански формули, без силикони и сулфати.
BONACURE ROOT ACTIVATING SERUM 100 ML
Серум против опаѓање на косата и за стимулација на коренот. Содржи карнитин тартрат, таурин и Chinacea. Преку овие три состојки скалпот се стимулира да создаде поздрава и пополна коса. Ефектот на факторите за раст се подобрува и состојките ја подобруваат целокупната состојба на косата. Овој серум е вториот чекор од програмата Root Activating. Кога се користи во комбинација со поврзаниот шампон од оваа линија, корените на косата се активираат за да се намали губењето на косата по 6 недели.
Начин на употреба: Измијте ја косата со Schwarzkopf Scalp Genesis Root Activating Shampon. Нанесете 10 ml на скалпот. Масирајте го серумот во скалпот за дополнителен интензитет. Не го плакнете серумот .
BONACURE SCALP ROOT ACTIVATING SHAMPOO 250ML
Шампон кој ја враќа виталноста и густината на косата
CARE PURE MICELLAR CONDITIONER 250 ML
Мицеларен кондиционер за нега ,хидратација и креирање волумен кај тенка и безживотна коса.
CARE SILVER SAVIOR CONDITIONER 250 ML
Кондиционер збогатен со виолетови пигменти наменет за неутрализација и отстранување на непосакуваните жолти тонови кај плава и бланширана коса. Silver Savior содржи виолетови пигменти кои ги неутрализираат несаканите топли тонови и провитамин Б5 за да ја одржувате вашата коса свиленкаста мека. Протеините од пченица ја штитат внатрешната структура на косата и додаваат волумен. Кондиционерот ја содржи технологија Bond Fuser.
Начин на употреба: Се нанесува на влажна и чиста коса се масира и се остава да делува од 1-5 мин па потоа се плакне.
CERAFILL AMINEXIL ANTI-HAIR LOSS VIALS 10X6 ML
REDKEN CERAFILL AMINEXIL е вашиот нов сојузник во борбата против опаѓањето на косата Пробајте го веднаш и откријте ја неговата неверојатна моќ ‼️
Формулата содржи :
*Аминексил
*Омега 6 и
* мулти витамини Б3, Б5 и Б6 за лекување на скалпот.
* го спречува стврднувањето на колагенот околу фоликулот, што може да доведе до рано разредување и опаѓање на косата
* има извонредно влијание врз периодично опаѓање на косата и ја подобрува нејзината густина.
Се препорачува по една апликација секој ден, најмалку 6-8 недели или најмалку 3 апликации неделно.Повторете го третманот двапати годишно, особено во есен и пролет.
Пакувањето содржи 10 ампули











