INVIGO SCALP BALANCE ANTI DANDRUFF SHAMPOO 300ml
Шампонот против првут на скалпот, со пиритион од цинк е смирувачки шампон кој се бори против првутот и ефективно ги отстранува видливите снегулки од скалпот, давајќи и ја неопходната хидратација и виталност на косата.
INVIGO SCALP BALANCE OILY SCALP SHAMPOO 300 ML
Шампон за длабинско чистење збогатен со екстракти од лотус и екстракти од бамбус.
INVIGO SCALP BALANCE SENSITIVE SCALP SHAMPOO 300 ML
Шампон за нега на осетлив скалп збогатен со:
алантоин,ментол, бамбус и кофеин.
INVIGO SENSO CALM SENSITIVE MASK 150ml
Маска за осетлив скалп, без мирис која го намалува чувството на чешање и помага косата да зајакне.
INVIGO VOLUME BOOST BODIFYING SHAMPOO 300ml
Шампон за волумен кој темелно ja отстранува нечистотијата и ѝ дава лесна текстура и сјај на Вашата коса.
IT’S A 10 BLOW DRY GLOSSING CONDITIONER 300 ML
Регенератор наменет за зголемување на сјајот на косата, ги обновува распуканите врвови, ја измазнува косата и ја заштитува од влага. Начин на употреба: Нанесете на чиста, претходно измиена коса од коренот па се до врвовите. Оставете да делува најмалку 3 минути и потоа исплакнете. Темелното измивање со млака вода ќе помогне да се заклучи влагата во внатрешноста на влакното. Стилизирајте по желба.
IT’S A 10 BLOW DRY GLOSSING LEAVE IN 120 ML
Спреј регенератор погоден за сите типови на коса, обезбедува длабинска нега, го спречува разлетувањето и дава неверојатен сјај. Уникатната формула на овој спреј регенератор ефикасно ја хидрира косата, ја зацврстува одвнатре косата и ги затвора врвовите на влакната. Воедно, обезбедува неверојатен сјај, еластичност, ја заштитува од топлина, штетните УВ зраци, кинење на врвовите без да ја натежне и измасти. Кога се употребува секојдневно, косата станува поцврста, поздрава и посјајна како никогаш досега!
10 придобивки за косата во едно шишенце: Обезбедува гламурозен сјај. Ја заштитува косата од топлина.Безболно ја расплетува и расчешлува косата.Длабински ја негува.Го надоместува изгубениот протеин во влакното.Ја скротува непослушната коса.Ја заштитува косата од штетните УВ зрачења.Го спречува разлетувањето на косата.Ја подобрува природната структура на влакното.Спречува од идно кинење на врвовите.
Начин на употреба: Нанесете рамномерно по должината па се до врвовите на чиста и мокра коса просушена со пешкир. Расчешлајте ја косата и стилизирајте ја по желба. Продуктот не се измива.
IT’S A 10 BLOW DRY GLOSSING SHAMPOO 300 ML
Шампон со високо ефикасни формули наменет за зголемување на сјајот на косата, ја заштитува бојата од избледување, го зголемува волуменот, заштитувајќи го влакното од кршливост.Доколку барате едноставен начин да го подобрите сјајот на вашата коса, It’s a 10 Miracle Blow Dry Glossing Shampoo е вистинското решение. Создаден со иновативна технологија, овој шампон ќе обезбеди експлозивен сјај. Професионалната формула ќе ја потхрани косата со состојки кои го засилуваат сјајот, истовремено штитејќи ја бојата од избледување, измазнувајќи ја структурата на косата, зголемувајќи го волуменот и заштитувајќи го влакното од кршливост.Драматичниот сјаен ефект на It’s a 10 Miracle Blow Dry Glossing Shampoo е возможен благодарение на високо ефикасните состојки како: Масло од орев,Акрилат кополимер,Пантенол,Линалол.
IT’S A 10 COILY CURL CREAM 120 ML
Крема наменета за брзо и лесно дефинирање и измазнување на локните со долготраен ефект, која воедно ќе обезбеди длабока хидратација и еластичност. Со Coily Curl кремата, веќе нема да ви бидат потреби часови и десетици различни уреди и алатки за стилизирање на локните. Оваа бестежинска крема за коса ќе ги дефинира и измазни вашите локни и воедно ќе им обезбеди неверојатен сјај и еластичност. Наменета за секој тип на виткана и брановидна коса, Coily Curl Cream ќе обезбеди висока дефиниција, мазна текстура и длабинска хидратација. Овозможува брзо и лесно обликување и стилизирање и долготрајно го задржува обликот и текстурата на косата, без да ја натежне или измасти.
Начин на употреба: Нанесете на коса просушена со пешкир, од коренот па се до врвовите. Формирајте ги локните со помош на прстите. Оставете ја косата да се исуши природно или со помош на дифузер за подефиниран изглед.
IT’S A 10 COILY GELLED OIL 148 ML
Гел-масло наменето за стилизирање и дефинирање на секој тип на коса. Обезбедува висока дефиниција и контрола за сјаен и мазен завршен изглед. Начин на употреба: Нанесете рамномерно на чиста коса просушена со пешкир. Оставете ја косата да се исуши природно или со помош на дифузер за подефиниран изглед.
IT’S A 10 COILY LEAVE IN 120 ML
Спреј кој не се измива, за стилизирање, хидратација и нега на кадравата и брановидна коса. Од брановидна коса за на плажа, совршени плетенки, дефинирани и сјајни локни до беспрекорно мазна коса, изборот е бесконечен со It’s a 10 Miracle Coily Leave, спрејот кој не се измива. Овој спреј за коса обезбедува целосна слобода при креирање на најразлични стајлинзи. Со помош на формулата со моќни хидратанти навлегува длабоко во структурата на влакното за да го омекне и хидратира, притоа додавајќи бестежинска контрола на обликување и цврстина со делотворни својства како гел или спреј за зацврстување. Со редовна употреба на овој спреј косата станува поцврста и отпорна на кинење. Го враќа сјајот на косата, заштитува од топлина и помага за лесно расчешлување.
Начин на употреба: Нанесете на влажна или сува коса, од коренот па се до врвовите. Стилизирајте по ваша желба, со помош на прстите измазнете, формирајте локни или плетенки. Спрејот не се измива.
IT’S A 10 COILY MASK 240 ML
Третман наменет за обнова, хидратација и дефинирање на кадрава и брановидна коса. Природно кадравата и брановидна коса е понекогаш деликатна и тешка за справување, и е од исклучително значење да ја добие соодветната нега. Кога косата е соодветно негувана и здрава одвнатре, однадвор изгледа здрава, мека и беспрекорно сјајна. It’s a 10 Miracle Coily Mask го прави токму тоа. Навлегува длабоко во структурата на влакното за длабински да ја регенерира и хидратира оштетена коса. Воедно, го враќа сјајот и еластичноста на косата и помага за полесно расчешлување, а одличен е и при користење кај бојадисаната коса бидејќи ја заштитува бојата од избледување.Специјалната формула на Coily колекцијата е внимателно создадена од спој на богати витамини кои го потхрануваат и зајакнуваат влакното. Обезбедува балансирана хидратација и помага во обнова и подобрување на здравјето на влакното со секоја следна употреба.
Начин на употреба:Нанесете од скалпот па се до врвовите на чиста коса, претходно измиена со Miracle Coily Hydrating Shampoo . Оставете да делува 3 до 5 минути, потоа темелно исплакнете.











