Задржување на изгледот на свежо-исфенирана коса отсега е веќе многу полесно со It’s a 10 Miracle Blow Dry H20 Shield. Само неколку капки спреј пред да ја исушите или стилизирате косата се доволни за да се измазни и елиминира влагата од неа, оставајќи ве со идеална и салонски стилизирана коса, без разлика на временските услови.
Спрејот кој не се измива исто така ја зајакнува косата и ја штити од оштетување и избледување на бојата, давајќи блескав сјај без да ја натежне или измасти.
Од мазна права коса до меки кадрици или нежни бранови, It’s a 10 Miracle Blow Dry H20 Shield не само што го задржува изгледот на штотуку фенирана и стилизирана коса, туку и лесно се реактивира со топлина за следниот ден, за мало освежување на формата и стајлингот.
Состав:
- Polysilicon-29
- Пантенол
- Екстракт од сончогледово семе
- Екстракт од Алое Вера
- Линалол
10 придобивки за косата:
- Ја заштитува косата од влага
- Се реактивира со топли уреди за стилизирање
- Трајно ја измазнува и скротува косата
- Обезбедува сјај
- Лесна формула
- Помага за лесно расплетување и расчешлување
- Помага во задржување на стајлингот на косата
- Обезбедува термална заштита
- Ја зацврстува косата
- 10. Ја потхранува косата













