ТРЕТМАНИ ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

1 – 12 производи од 39 производи

Сортирај по

BARBA HAIR LOSS LOTION 10 X 10 ML

1.990,00 ден
Ампули за против опаѓање на коса со пробивната формула со рузмарин која има антиоксидантни и тонизирачки својства и ефикасно го стимулира растот на фоликулите на косата.
Ја ревитализира косата со никотинамид и други навлажнувачки и тонизирачки агенси за посјајна, погуста и појака коса.Се нанесуваат на веќе измиена коса со масажа во скалпот.Не се плакне.

BONACURE CP ROOT ACTIVATING SERUM 8 X 7 ML

2.400,00 ден
Ампули за третман на коса склона кон опаѓање.Ја активира микроциркулацијата на скалпот, го стимулира коренот на влакното и го намалува непатолошкото опаѓање на косата за 6 недели.

Овој серум нежно ја чисти косата и ја зајакнува за 40%, значително го подобрува здравјето на косата, притоа ја остава сјајна и мека на допир.

Bonacure Root Activating серумот е збогатен со гуарана која со своите антиоксидантски дејствија помага за двојно стимулирање на фоликулите на влакната и биотин кој го зголемува производството на кератинот, кој придонесува за зголемување на цврстината и здравјето на влакното.

Специјално одбраните состојки помагаат за брза апсорпција без да ја натежнува косата, давајќи ѝ виталност и цврстина.

Без сулфати, со веганска формула.Дерматолошки е одобрен.Погодно за секојдневна употреба.

Начин на употреба: Серумот е достапен и во форма на ампули. Се нанесува на просушена со пешкир или сува коса. Кога се нанесува серумот во форма на ампула се препорачува користење на една цела ампула од 7ml два пати дневно. Косата се дели на еднакви секции и се нанесува рамномерно со нежна масажа на скалпот. Не се измива.

BONACURE ROOT ACTIVATING SERUM 100 ML

2.400,00 ден

Серум против опаѓање на косата и за стимулација на коренот. Содржи карнитин тартрат, таурин и Chinacea. Преку овие три состојки скалпот се стимулира да создаде поздрава и пополна коса. Ефектот на факторите за раст се подобрува и состојките ја подобруваат целокупната состојба на косата. Овој серум е вториот чекор од програмата Root Activating. Кога се користи во комбинација со поврзаниот шампон од оваа линија, корените на косата се активираат за да се намали губењето на косата по 6 недели.

Начин на употреба: Измијте ја косата со Schwarzkopf Scalp Genesis Root Activating Shampon. Нанесете 10 ml  на скалпот. Масирајте го серумот во скалпот за дополнителен интензитет. Не го плакнете серумот .

CERAFILL AMINEXIL ANTI-HAIR LOSS VIALS 10X6 ML

3.600,00 ден

REDKEN CERAFILL AMINEXIL  е вашиот нов сојузник во борбата против опаѓањето на косата Пробајте го веднаш и откријте ја неговата неверојатна моќ ‼️

Формулата содржи :

*Аминексил

*Омега 6 и

* мулти витамини Б3, Б5 и Б6 за лекување на скалпот.

* го спречува стврднувањето на колагенот околу фоликулот, што може да доведе до рано разредување и опаѓање на косата

* има извонредно влијание врз периодично опаѓање на косата и ја подобрува нејзината густина.

Се  препорачува по една апликација секој ден, најмалку 6-8 недели или најмалку 3 апликации неделно.Повторете го третманот двапати годишно, особено во есен и пролет.

Пакувањето содржи 10 ампули

15% попуст

CONTEMPORA HAIR SUPERFOOD – DENSIFYING LOTION 100 ML

892,50 ден

Третман –лосион кој ја подобрува густината и цврстината на косата и го спречува опаѓањето.Со Re-Active Complex, активна состојка добиена од екстракт од Амла, за зголемување на пролиферативниот капацитет на фоликулата на косата, спречувајќи истенчување на фоликулот и спротивставувајќи се на опаѓањето на косата. БЕЗ ПАРАБЕНИ УПОТРЕБА : Нанесувајте редовно секој ден најмалку 3 месеци. Нанесете на скалпот и нежно масирајте со кружни движења. Не плакнете..

DR JACKSON ELIXIR 3.0 – REGULATING & REVITALIZING HAIR TONIC 100 ML

1.300,00 ден

Лосион за коса кој спречува и третира опаѓање на косата. Ја зголемува густината на косата и го поттикнува растот преку подобрување на микроциркулацијата. Ги смирува иритираните скалпови. Специфичен екстракт : хмељ. Бршлен, бела коприва ,невен. Начин на употреба: Нанесете капка по капка на скалпот, фокусирајќи се наврвот на главата. Масирајте енергично за да ја стимулирате циркулацијата додека не се апсорбира целосно.Интензивно опаѓање на косата: нанесувајте секојдневно.Умерено опаѓање на косата: сезонско и за одржување 3 пати неделно.

Нема на залиха

EKSPERIENCE ANTI HAIR LOSS LOTION 12x7ml

3.500,00 ден

Лосион со антиоксидативни особини и својства против опаѓање на косата.

Нема на залиха

EKSPERIENCE ANTI HAIR LOSS TONIC 125ml

3.500,00 ден

Ревитализирачки тоник идеален за слаба, тенка и коса која опаѓа.

ENERGIZING INTENZIVE TONIC 100ml

1.780,00 ден

Интензивен регенерирачки лосион кој помага во спречување на опаѓање на косата.

INDOLA CARE ROOT ACTIVATING LOTION 8 X 7 ML

1.550,00 ден

Лосионот за активирање на коренот е наменет за слаба и проретчена коса за намалување на непатолошкото опаѓање.

Вториот чекор за намалување на непатолошкото опаѓање на косата. Совршено ги балансира потребите на скалпот и косата. Енергетската формула на Trichotherapy Cosmetics го стимулира коренот и ја балансира пропорцијата на активните корени на косата на речиси нормалното ниво до 84% по 24 недели од апликацијата. Го подобрува целосниот изглед и виталноста на косата.

Начин на употреба: Нанесете ½ од производот два пати на ден и рамномерно распоредете на скалпот. Измасирајте на скалпот, производот не се плакне. Потребна е континуирана употреба најмалку 6 недели.

Scroll To Top
  • Мени
  • Категории
Затвори
Насловна
Филтер
0 Листа на желби

Вашата кошничка 0

Затвори

Кошничката за купување е празна!

Продолжи со купување