Специјален чувствителен шампон за детокс на скалпот и косата кој нежно чисти, хидрира и обезбедува пријатно чувство на скалпот. Совршен за иритираниот и сув скалп. Најдобро се користи во комбинација со Detox Scalp пилинг. Активни состојки на шампонот:
*Екстракт од невен- Го хидрира сувиот скалп и го намалува воспалението од дерматитис, осип и инфекции. Помага во борбата против првутот и оштетувањето на скалпот.
*Бетаин- Аминокиселински дериват добиен од шеќерна репка со силни хидратантни својства. Неговата посебна карактеристика е тоа што е осмолит, молекула која помага да се контролира водната рамнотежа во клетките.