KERASTASE SYMBIOSE SERUM CELLUILARE NUIT ANTI-PELLICULAIRE INTENSIF 90 ML
Ноќен серум за коса склона кон првут. 8 часовно континуирано ноќно дејство, за време на најрегенеративниот момент на скалпот, помага да се елиминира перутот од коренот. За долготрајна ефикасност, со поддршка на регулацијата на клеточното обновување. Дејството преку ноќ помага во одбраната на скалпот, за да се спречи повторното појавување на перутот. Текстура: проѕирен до млечен серумски гел. Со салицилна киселина, бифидус и пироктон оламин.До 7 недели ефикасност против перут.Зачувана е бариерата за скалпот.Ги смирува иритациите и непријатностите на скалпот, скалпот е помалку чувствителен. Скалпот изгледа поздраво и посилно.Нелеплива и немрсна коса.
Начин на употреба:
Чекор 1: Користете го најмалку 3 пати неделно пред спиење, во период од 4 недели. Нанесете 4 дози на сув или исушен скалп со пешкир , дел по дел. 1 доза = 1 пипета до ознаката.
Чекор 2: Нанесето го по целиот скалп. Нежно масирајте со врвовите на прстите во кругови.
Чекор 3: Не плакнете. Чувајте преку ноќ.
KEUNE 1922 FORTYFYING LOTION 75 ML
Зајакнувачки лосион за мажи за раст на косата ,кој всушност го продолжува животниот циклус на косата. Липозомите значително го зголемуваат растот на косата – за 25% во рок од само 4 дена. Витаминот H (биотин) ја прави структурата на косата посилна, така што косата лесно не се крши или опаѓа. Потоа, тука е екстрактот од корен од црвен женшен за промовирање на растот на косата, екстрактот од еукалиптус за стимулирање и кофеинот за да се разбудат корените на косата. Кажете се збогум на деликатната, тенка и ретка коса.
Начин на употреба: Нанесете на чист и измиен скалп и нежно масирајте го лосионот со врвовите на прстите. Не плакнете.
KEUNE CARE ABSOLUTE VOLUME THERMAL PROTECTOR 200 ML
Бестежински спреј за заштита на косата од топлина. Тоа е чекор кој не може да се прескокне пред да стилизирате со пегла, фигаро или фен. Збогатен со провитаминот Б5 кој го регулира балансот на влага на вашата коса за меки, здрави, бестежински резултати, а внимателно избраната мешавина од пченични протеини ја заштитува внатрешната структура на косата.
Начин на употреба: Се нанесува на влажна коса и се продолжува со фенирање /стилизирање со пегла.
KEUNE CARE COLOR BRILLIANZ CONDITIONING SPRAY 140 ML
Лесен спреј за кондиционирање и навлажнување на секој тип на фарбана коса. Неговиот комплекс за запечатување на бои создава заштитна бариера околу секој прамен , која ги заглавува пигментите не дозволувајќи им брзо да испаднат. Соламер УВА и УВБ филтрите ги блокираат сончевите зраци за да ја спречат вашата боја да избледне. Екстрактот од сончогледово семе ги неутрализира слободните радикали, што ќе ја продолжи долговечноста на вашата боја. Конечно, свилените протеини длабоко ја навлажнуваат, негуваат и додаваат сјај на косата.
Начин на употреба: се нанесува на влажна и чиста коса и не се плакне.
KEUNE CARE DERMA ACTIVATE LOTION 75 ML
Третман во лосион за проретчена коса и спречување на привремено опаѓање на косата.Формулиран со есенцијални минерали, биотин и стимуланси за раст на косата, како што се таканал и кофеин, кои дејствуваат директно до клетките на кожата на скалпот, каде што работат на стимулирање на растот на косата и продолжување на фазата на раст. Користете го на редовна основа за да помогнете во спречување на опаѓање на косата, одложување на хроничното опаѓање и за подмладување на косата и скалпот.
Начин на употреба: се нанесува на чист скалп , благо се масира и не се плакне. Препорачано е да се користи 2-3 пати неделно и повеќе во комбинација со шампонот од истата линија за поефикасни резултати.
KEUNE CARE DERMA ACTIVATE THICKENING SPRAY 200 ML
Спреј за згуснување и креирање ефект на поголем волумен кај коса која опаѓа или се истенчува. Инфузиран е со витамин H, кој го подобрува квалитетот на кератинот во вашата коса – појак кератин значи појака коса која има помала веројатност да опадне. Провитаминот Б5 е моќен навлажнувач и згуснувач кој со текот на времето ќе ја зајакне структурата на косата.
Начин на употреба: Се нанесува на влажна коса и не се плакне. Се стилизира косата по желба.
KEUNE CARE DERMA EXFOLIATE PEELING 35 ML
Прочистувачки пилинг за сите типови коса и скалп. Првиот чекор во вашата рутина за нега ,го регенерира и ревитализира скалпот бидејќи на скалпот му треба редовно пилинг-чистење. Природните микро-зрна од перлит го стимулираат обновувањето на клетките со намалување на дебелината на горниот слој на клетките на кожата. Вградената гликолна киселина со најмала големина може да навлезе во кожата, дејствувајќи и на дермални нивоа, за да ги олабави мртвите клетки на кожата. Формулата е исполнета со арганин, позната по своите одлични својства за кондиционирање на кожата и навлажнувачки својства и може да помогне да се поттикне растот на косата.
Начин на употреба: Се нанесува пред шампонирање на сув скалп и се додава вода за да се активира пилингот.По него следи шампонирање со соодветен шампон.
KEUNE CARE DERMA SENSITIVE LOTION 75 ML
Третман во лосион специјално дизајниран за оние со чувствителен и иритиран скалп. Прецизно формулиран со состојки без алергени, лосионот Derma Sensitive го намалува црвенилото, чешањето, воспалението и иритацијата. Формулиран е без адитиви во боја и има ниско-алергенски мирис. Со посветена употреба, очекувајте смирен скалп.
Начин на употреба: се нанесува на чист и измиен склап и не се плакне. Се препорачува да се користи 2-3 пати неделно.
KEUNE CARE DERMA SENSITIVE MASK 200 ML
Маска наменета за осетлив скалп и коса ,која длабински ги смирува и хидрира сувите и иритирани скалпови. Дерматолошки одобрената формула веднаш го намалува чешањето додека богатата маска длабински ја хидрира косата.
Начин на употреба: се нанесува на измиена коса по целата должина и се одтава да делува од 3- 5 минути па се плакне.
KEUNE CARE KERATIN SMOOTH 2 PHASE SPRAY 200 ML
Keратински двофазен спреј-регенератор за моментално измазнување, омекнување и отплеткување на косата. Неверојатно лесен благодарение на неговото ниско ниво на pH, го регулира балансот на влага во вашата коса додека ги зајакнува прамените од внатре кон надвор. Исто така, додава моментален сјај и ја прави вашата коса лесна за чешлање и стилизирање.
Начин на употреба: нанесете на влажна или сува коса , расчешлајте и не плакнете.
KEUNE CARE KERATIN SMOOTH SERUM 25 ML
Серум за измазнување на коса склона кон разлетување. Со состојки кои го зајакнуваат здравјето на косата, како што се активниот кератин, маслото од арган и есенцијалните минерали, ја измазнува и ја зајакнува разлетаната коса и ја штити од топлината на термичките алатки за стилизирање.
Начин на употреба: Се нанесува на влажна или сува коса пред термичко стилизирање на косата и не се плакне.
KEUNE CARE KERATIN SMOOTH SILKENING POLISH CIRE 50 ML
Кератински лесен гел-крем кој е последниот чекор од вашата рутина за измазнување и омекнување. Овој производ го измазнува разлетувањето и фриз ефектот и дава на вашата коса прекрасен сјај.
Начин на употреба: Нанесете на сува коса и стилизирате по желба.











