CARE SCALP DETOX SCRUB 150ML

450,00 ден

Пилинг за проблематичен скалп кој му прави длабински детокс на скалпот и ги отстранува наталожените нечистотии и наслаги.

Достапност: На залиха
Опис

Пилингот е дизајниран како третман за длабинско прочистување на скалпот, кој ги отстранува старите клетки и овозможува формирање на нови. Ги отстранува слоевите на сува кожа и клетки, го стимулира протокот на крв, што помага косата да расте поздраво. Здравиот скалп е клучот за здрава коса.Пилингот е наменет  за проблематични состојби на скалпот како што се првут, чешање на скалпот, мрсна коса и опаѓање на косата.

Содржи  активни состојки :

*Бадем во прав-  Обезбедува ефикасен пилинг на скалпот. Кога се масира во кожата со нежни кружни движења, мртвите клетки се ослободуваат и се отстрануваат.

*Естери од Јојоба- Тие обезбедуваат мазност, ја навлажнуваат косата и служат како одлична заштита на косата. 

*Салицилна киселина-  Работи така што безбедно и ефикасно го отстранува надворешниот слој на кожата и помага да се спречат кожни состојби како што се габични инфекции и првут.

*Пироктон Оламин-  Има антигабични својства, помага во борбата против првутот и го намалува опаѓањето на косата.

Начин на употреба: се нанесува на влажен скалп и нежно се масира со кружни движења околу 2-3 минути. Потоа се плакне и се продолжува со шампонирање на косата.

Scroll To Top
  • Мени
  • Категории
Затвори
Насловна
0 Листа на желби

Вашата кошничка 0

Затвори

Кошничката за купување е празна!

Продолжи со купување

CARE SCALP DETOX SCRUB 150ML
450,00 ден