RE/START™ RECOVERY ANTI-SPLIT ENDS SEALING DROPS 50ML
Интензивен регенерирачки серум за обновување на косата и заштита од испукување.
REDKEN ACIDIC BONDING CONCENTRATE LEAVE-IN TREATMENT 150 ML
Redken Acidic Perfecting Concentrate Leave-In третманот е најконцентрираната формула се-во-едно на Redken за обнова на јачината на сите видови оштетена коса. Овој ултра богат и луксузен третман обезбедува максимална поправка на јачината на косата, интензивна хидратација и заштита од избледување на бојата. Збогатен со лимонска киселина, содржи концентриран bonding care complex кој ги зајакнува ослабените врски во вашата коса за да ја подобри јачината на косата.Тој е последниот чекор во ACIDIC BONDING CONCENTRATE режимот во 3 чекори.
Овој третман за балансирање на pH е специјално формулиран со кисела pH вредност за да се одбрани од негативните ефекти на боење на косата, термички алатки за стилизирање, па дури и вода. Исто така, обезбедува топлинска заштита до 230 степени, го скротува разлетувањето, додава сјај и го намалува кршењето на косата.
Начин на употреба: Нанесете на измиена и влажна коса. Не плакнете.
REDKEN ACIDIC BONDING CONCENTRATE PRE – TREATMENT 190 ML
Интензивен третман за оштетена, процесирана и фарбана коса со најконцентрираната формула на Redken со 14% лимонска киселина + комплекс за нега на врзување за подобрување на силата и отпорноста на косата.Ја поправа косата за 5 минути,ги засилува ослабените врски,додава сјај,кондиционира и намалува фриз ефектот.Неговата кисела формула ја балансира pH вредноста на косата, враќајќи го здравиот изглед, правејќи ја мазна и го намалува кршењето.Се користи пред миење на косата со шампон.
REDKEN ACIDIC COLOR GLOSS ACTIVATED GLASS TREATMENT 237 ML
Redken’s Acidic Color Gloss Activated Glass Treatment е домашен професионален третман за сјај што длабоко ја хидрира и додава интензивен сјај на молекуларно ниво кај фарбана коса. PH балансирана формула со лимонска киселина и масло од кајсија, оваа претходно активирана ултра-кисела формула помага да се запечати кутикулата и да се добие неверојатен сјај до 3 дена и +76% посјајна коса.Користете го како целосна рутина со шампон , регенератор и третманот кој не се плакне за заштита од топлина. НАЈДОБРО ЗА: • Професионално обоена коса.
Начин на употреба: Нанесете на влажна и измиена коса па по 5 минути исплакнете. За целосен третман врз него нанесете од кондиционерот од истата линија и по неколку минути исплакнете. Завршете со третманот што не се плакне.
REDKEN ACIDIC COLOR GLOSS HEAT PROTECTION LEAVE- IN 200 ML
Спреј- третманот за заштита од топлина Redken Acidic Color Gloss е последниот чекор во револуционерната палета на Acidic Color Gloss. Со кисели формули избалансирани со pH, овој третман ја фиксира бојата, и обезбедува интензивен сјај на молекуларно ниво. Совршен е за обоена коса, како и за нефарбана, помагајќи да се запечати сјајот и да се спречи оштетување од топлина. Овој распрскувач нуди технологија Invisible Shield за заштита од топлина до 230 степени. Користете го како целосна рутина со шампон ј, третман и регенератор.
Начин на употреба : Се нанесува како последен чекор од рутината, на влажна коса и не се плакне.
REDKEN ALL SOFT ARGAN-6 HAIR OIL 100 ML
Redken’s All Soft Argan-6 Oil e масло за нега и хидратација на сува и кршлива коса.Масло формулирано со арганово масло и омега 6 овозможува шест неверојатни намени за лекување на сува коса и за постигнување свиленкаста мекост. Ова масло за коса ја одржува есенцијалната рамнотежа на влага во косата додека обезбедува мекост, длабоко кондиционирање и трајна еластичност на косата.Интензивно ги храни сите типови коса. Обезбедува 15 пати повеќе хидратација кога се користи со All Soft шампон и регенератор .
Може да се користи како:
*прајмер за коса пред шампонирање,
*пред да ја фенирате косата како средство за заштита од топлина,
*откако ќе ја исушите за мазна коса,
*на сува коса за да подобрување на сјајот,
*како додаток во третмани за омекнување на косата,
*преку ноќ како длабок третман за кондиционирање на косата.
REDKEN ALL SOFT MEGA CURLS HYDRAMELT LEAVE-IN TRETMENT 150 ML
Redken All Soft Mega Hydramelt Leave-In Treatment е третман за длабинска хидратација на косата, кој ја навлажнува и ја подобрува управливоста на многу сува, средна до густа виткана коса. Овој третман без плакнење ја остава косата со мека и сјајна завршница. Збогатен со хранливиот комплекс на Редкен со алое вера и масло од Сача Инчи како клучни состојки за хидратација, зајакнување и задржување на влажноста на косата во текот на целиот ден.
Начин на употреба: Нанесете на влажна коса пред термичкo стилизирање или природно сушење. Не плакнете и стилизирајте како и обично.
REDKEN CERAFILL THICKENING STEMOXYDINE TREATMENT 90 ML
REDKEN CERAFILL STEMOXYDINE е регенеративен третман без плакнење на база на стемоксидин за поттикнување на растот на косата и нејзино згуснување.
Малкумина знаат, но постојат различни фази во животот на косата.
1.АНАГЕН Косата се раѓа и расте (фаза која варира од 2 до 7 години),
2.КАТАГЕН косата запира и повеќе не расте (траење 2/3 недели),
3.ТЕЛОГЕН косата целосно се одвојува од фоликулот и полека опаѓа.
Неодамнешните студии откриле дека постои и четврта фаза, КЕЛОГЕН!Многу посебен момент каде фоликулот се подготвува да произведе нова коса. За жал оваа транзиција може да трае од неколку недели до неколку месеци. Редкен лабораториите, поради оваа причина, создадоа лосион, кој може да го разбуди заспаниот фоликул и да го стимулира а тоа е дневен третман со 5% СТЕМОКСИДИН за зголемување на густината на косата за само 3 месеци, косата изгледа посилна и погуста
Начин на користење: се нанесува секоја вечер на скалпот со блага масажа и не се плакне. Препорачано е да се користи максимум 3 месеци.
REDKEN EXTREME ANTI-SNAP LEAVE-IN TREATMENT 250 ML
Redken Extreme Anti-Snap третманот без плакнење нежно ја измазнува кутикулата на косата за да помогне да се спречи кршење и да се зајакне оштетената коса. Anti-Snap е формулиран со Redken’s Strength Complex и делува како длабок регенератор, намалувајќи го триењето од четкањето и спречувајќи понатамошно оштетување, оставајќи ја косата здрава, сјајна и еластична. Anti-Snap обезбедува 75% намалување на кршењето кога се користи систем на Extreme шампон, балсам и Anti-Snap. Обезбедува заштита од топлина .
Начин на употреба: Нанесете на кревки или оштетени области на косата, или насекаде додека е влажна. Не плакнете.
REDKEN EXTREME BLEACH RECOVERY LAMELLAR WATER TREATMENT 200 ML
Extreme Bleach Recovery Lamellar Water е третман со плакнење и регенератор за коса оштетена од бланш и фарбање. Овој хидратантен третман делува како течен завој за коса што е оштетена по услугите за фарбање и бланширање. Овој третман се загрева при контакт со косата и моментално ја зголемува мекоста, мазноста и сјајот.
Начин на употреба:По шампонирањето со шампонот Extreme Bleach Recovery, истиснете ја косата и нанесете 1-4 дози од средната должина до врвовите врз основа на должината на косата. 1 доза е еднаква на 10 ml . Масирајте додека да се направи лесна пена. Исплакнете. Завршете со Extreme Bleach Recovery Cica Cream.
REDKEN EXTREME CAT PROTEIN RECONSTRUCTING HAIR TREATMENT SPRAY 200 ML
Третманот за реконструкција на Redken Extreme CAT протеин Rinse out додава моментална моќ на третираната и оштетена коса, зајакнуваќи ги прамените на косата. CAT е формулиран со Redken’s Strength Complex кој содржи Аминокиселини и арганин кои ја хидрираат и зајакнуваат косата. Третманот исто така помага да се подготви косата пред хемиските услуги за да се спречи идно оштетување.
Начин на употреба: Нанесете по употреба на Extreme шампон. Рамномерно испрскајте ја косата . Оставете да делува 3-5 минути. Исплакнете темелно. Се препорачува употреба 1-3 пати неделно.
REDKEN FRIZZ DISMISS REBEL TAME LEAVE-IN CREAM 250 ML
Redken Frizz Dismiss Rebel Tame е крем третман за нескротлива коса со повеќе придобивки, против разлетување и за заштита од топлина. Формулиран со Redken’s Smoothing Complex со масло од Babassu , оваа крема за измазнување обезбедува контрола на разлетувањето додека ја хидрира, отплеткува и заштитува косата од топлина до 230 степени.
Начин на употреба: Нанесете на чиста, влажна, исушена со пешкир коса пред стилизирање или сушење на косата.











