ТРЕТМАНИ ЗА OШТЕТЕНА КОСА

37 – 48 производи од 79 производи

Сортирај по

IMEL CAVIAR BLACK HAIR SERUM 125ml

950,00 ден

Серум за третман на многу оштетена коса и коса која била изложена на третмани за зајакнување со кератин и арган.
Збогатен со хидролизирана свила, хидролизиран кератин, екстракт од кавиар и  ферментиран екстракт од корен од ротквица.
Се ставаат на раце  3-4 капки, се тријат рацете и се нанесува серумот на коса. Може да се нанесе на сува или влажна коса, особено на врвовите на косата. Серумот нема потреба од измивање.

IMEL HAIR BOOSTER TREATMENT MASK 450 ML + SERUM 150 ML

2.300,00 ден

Третман за регенерирање на оштетена коса со кератин и хиалуронска киселина.
Hair Booster маска и серум за зајакнување на косата која и дава прекрасен сјај и хидратација. Нејзината ефикасност се должи на високата концентрација на хиалуронска киселина, правејќи ја косата потрајна, давајќи и волумен и свиленкаста текстура. Во комбинација со booster серумот кој содржи високи концентрации на хидролизиран кератин, создава моќен микс од активни состојки што ќе и дадат совршен резултат на вашата коса. Уште од првата употреба ќе ја почуствувате вашата коса: здрава, хидрирана и свиленкаста.

IMEL HYALURONIC SERUM 125ml

950,00 ден

Серум за коса со хиалуронска киселина, арганово масло и кератин. Ултимативен длабок третман за интензивна обнова на косата.Овој серум го обновува телото, еластичноста и сјајот на најслабата и оштетена коса.Маслото од арган делува како навлажнувачки агенс, агенс против стареење, антиоксиданс, средство за кондиционирање и емолиент. Навлегува длабоко во влакното на косата и го обновува внатрешното јадро на влакното. Хиалуронската киселина помага косата да постигне максимална хидратација и да го зголеми производството на природен колаген, привлекувајќи и задржувајќи ја влагата на надворешната страна на влакното. Кератинот ја мазни и поправа надворешнниот слој на косата на сите нивоа и притоа нудејќи супериорност. Пополнето влакно со кератин на косата и ја враќа нејзината еластичност, мекост и сјај.

Употреба: Се ставаат на раце 2-3 капки, се тријат рацете и серумот се нанесува на косата. Може да се нанесе на сува или влажна коса, особено на врвовите на косата.

IMEL KERATIN INFUSION – HAIR SERUM 125ml

950,00 ден

Серум инфузиран е со кератински амино киселини ја зајкнува и реконструира кршливата коса. Го намалува ефектот на нескротлива коса, ги разбива јазлите и ја остава косата со мека структура и дополнителен сјај. Составен е од немасна формула. Се препорачува за сите типови на коса, вклучувајќи сува, оштетена и кератински третирана коса.

БЕЗ НЛС – ПАРАБЕНИ – СИЛИКОНИ

IT’S A 10 MIRACLE LEAVE-IN PRODUCT 120 ML

1.440,00 ден

Мултифункционален спреј за оштетена коса со 10 придобивки. Овој спреј  без плакнење ја измазнува косата, го елиминира разлетувањето, го враќа сјајот и го подобрува природниот волумен на вашата коса. Збогатен со природни состојки, како што се екстракт од семки од сончоглед , зелен чај и свилени аминокиселини, кои помагаат да се истакне природниот сјај на сите типови коса, а исто така ја прави вашата коса посилна и поздрава со секое  користење.

10 бенефити: 1. Ја храни косата 2. Термичка заштита 3. Помага при расплеткување на косата. 4. Помага во заштитата на бојата на косата 5. Го враќа сјајот 6. Помага во намалување на разлетувањето 7. Природна УВ заштита 8. Помага во замена на изгубените протеини 9. Го подобрува природниот волумен 10. Спречува појава на разделени врвови.

Начин на употреба: Нанесете на влажна и измиена коса. Не плакнете. Стилизирате како и обично.

IT’S A 10 MIRACLE OIL PLUS KERATIN 90 ML

1.300,00 ден
Безтежинско масло со повеќе бенефити  кое дава неверојатни резултати за оние кои имаат потреба од дополнителна влажност на косата.
Содржи:
-кератински амино киселини и хидролизиран кератин: помага да се врати изгубената влажност на сува, кршлива, обоена или на друг начин оштетена коса со внесување на истите природни протеини кои ја сочинуваат косата на прво место
-Масло од сладок бадем: омекнувачко масло кое го навлажнува влакното и дава флексибилност и сјај на косата
-Масло од арган: помага да се изедначи разлетувањето, да се запечатат расцепените краеви и обезбедува мекост со витамин Е, есенцијални масни киселини и други витални хранливи материи
-Масло од јаглика: познато по своите антиинфламаторни, антиоксидантни својства
 
10 придобивки: 1) Помага во негување на косата. 2) Термички заштитува. 3) антифризз ефект. 4) ја заштитува бојата на косата. 5) Додава сјај. 6) Не мрсно. 7) Помага во зголемување на еластичноста. 8) ги запечатува распуканите краеви. 9) Елегантен финиш. 10) УВ Заштита.
Начин на употреба: Се нанесува на влажна или сува коса и не се плакне.

IT’S A 10 MIRACLE SILK EXPRESS LEAVE-IN PRODUCT 120 ML

1.730,00 ден

Мултифункционален спреј за оштетена коса со 10 придобивки. Овој спреј  без плакнење ја измазнува косата, го елиминира разлетувањето, го враќа сјајот и го подобрува природниот волумен на вашата коса. Збогатен со природни состојки, како што се Хидролизирана свила: формула со протеин од свила која лесно се апсорбира која го враќа природниот лесен баланс на влагата додека додава сила и сјај.

10 бенефити: 1. Ја храни и измазнува косата 2. Термичка заштита 3. Помага при расплеткување на косата. 4. Помага во заштитата на бојата на косата 5. Го враќа сјајот 6. Помага во намалување на разлетувањето 7. Природна УВ заштита 8. Помага во замена на изгубените протеини 9. Го подобрува природниот волумен 10. Спречува појава на разделени врвови.

Начин на употреба: Нанесете на влажна и измиена коса. Не плакнете. Стилизирате како и обично.

K18 MIST 150ML

6.490,00 ден

K18 Biomimetic Hairscience професионален РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ТРЕТМАН во спреј со ПЕПТИДИ, за целосно регенерирање влакното.

KEUNE CARE VITAL NUTRITION PROTEIN SPRAY 200 ML

950,00 ден

Повеќенаменски спреј  за хидратација и заштита на вашата коса од хемикалии или топлина, што го прави совршен за употреба пред третман со боја или термичко обликување. Протеинскиот спреј Vital Nutrition, исто така, длабоко ја навлажнува, додава сјај и ја прави вашата коса лесна за чешлање – совршено за сува, оштетена коса која е склона кон кршење.

Начин на употреба:Испрскајте на влажна коса и исплакнете или не, ако сметате дека на вашата коса и треба поголема влажност.

KEUNE CARE VITAL NUTRITION THERMAL CREAM 140 ML

990,00 ден

Хранлив крем за хидратација и заштита на сувата и оштетена коса од топлина при термичко стилизирање.Термичкиот крем формира заштитен слој околу вашата коса за да ја заштити од топлината на вашата алатка за стилизирање. По обликувањето, вашата коса останува еластична, мазна и лесна за чешлање . Совршено за сува, оштетена или кршлива коса.

Начин на употреба: Се нанесува на влажна коса пред термичко стилизирање и не се плакне.

Scroll To Top
  • Мени
  • Категории
Затвори
Насловна
Филтер
0 Листа на желби

Вашата кошничка 0

Затвори

Кошничката за купување е празна!

Продолжи со купување