OSiS + MESS UP PASTE 100 ML
Професионална паста за текстура и обликување која и дава на косата мат финиш. Идеален за создавање на неуреден стил со средно ниво на контрола, што го прави совршен за додавање дефиниција на вашиот стил. Може да се користи секојдневно и лесно ќе се измие од вашата коса.
Втријте мала количина на влажна или сува коса.
OSIS + REFRESH DUST DRY SHAMPOO 300 ML
Сув шампон, совршен за додавање волумен и освежување на косата помеѓу миењето.Идеален за доцни утра и секое друго време кога не можете да ја измиете косата, овој сув шампон ефикасно ја освежува и подмладува косата, за измиен и чист изглед.
Начин на употреба:Испрскајте на сува коса, обезбедувајќи покривање на коренот.Стилизирајте по желба.
OSIS + ROCK HARD ULTRA STRONG GEL 150 ML
ултра силен и долготраен лепак погоден за создавање фризури. Лесно се нанесуваат во косата и се измива
Се нанесува мала количина на сува коса и стилизирајте по желба.
OSiS + THRILL FIBRE GUM 100 ML
Влакнест гумиран восок за стилизирање со мега еластични влакна за текстура,сјај и лесно одделување.Помага во смирување на разлетувањето на косата.Идеален е за употреба за коса со кратка до средна должина и и дава на косата лесен сјај.Се нанесува на влажна или сува коса.
OSIS +HAIRBODY 200 ML
Спреј наменет за подготовка на косата за стилизирање, кој обезбедува лесна нега на косата без да ја натежни, многу лесна контрола и суптилен волумен. Овој производ ја изедначува порозноста на косата со што ја мазни нејзината површина и се овозможува лесно расчешлување.Се нанесува на влажна коса засушена со пешкир. Се нанаесува пред сушење природно или со фен. Може да се користи и како лосион пред шишање.
OSIS BOUNTY BALM RICH CURL CREAM 150 ML
Богат крем за виткана и брановидна коса кој ги подобрува локните и брановите со намалување на разлетувањето и додавање сјај и мекост. Може да се нанесе и на права, но непослушна коса за намалување на фриз ефектот.Ја подобрува природната текстура на локните ,го олеснува отплеткувањето и чешлањето и помага да се намали кршењето на косата.Нема јачина и заштитува од влажност.
Начин на употреба: Нанесете на влажна коса и дефинирајте со прсти или исушете со дифузер.
OSIS CURL JAM CURL DEFINING GEL 300 ML
Гел за обликување на виткана и брановидна коса со лесно држење. Ја остава косата да се чувствува хидрирана и мека без тежина и ги подобрува природните кадрици правејќи ги еластични и управливи.Го истакнува природниот сјај на локните и штити од влажност.
Начин на употреба: Нанесете на влажна коса и дефинирајте со прсти или исушете со дифузер.
OSIS TIPSY TWIRL WAVE & CURL ENHANCING JELLY 300 ML
Желе за обликување и дефинирање на природните локни и бранови со средно задржување.Ја подобрува текстурата ,ги дефинира природните бранови и кадрици обезбедувајќи лесен волумен без крцкавост.
Начин на употреба: Нанесете на влажна коса и дефинирајте со прсти или исушете со дифузер.
OSIS+ DRY T SOFT DUST 10 GR
Лесна пудра за волумен која обезбедува поголем волумен и ја хидрира косата.Хранлива формула со екстракт од кокос и морска сол. Одржува природно движење и мекост.Посебно е погодна и за долга коса.
Начин на употреба: Се нанесува на сува коса и се стилизира по желба.
OSIS+ DUST IT 10 GR.
Повеќенаменска лесна пудра за текстура и неверојатен волумен од коренот. Дава совршен мат изглед,текстура и волумен ,24 часа контрола,и долготрајно држење и силна текстура.Можете да ја рестилизирате и усовршите фризурата во текот на денот.Се нанесување на сува коса и лесно се измива.
OSIS+ FLATLINER HEAT PROTECTION SPRAY 200 ML
Спреј за заштита на косата од термички оштетувања при стилизирањето, кој притоа го контролира разлетувањето и фриз ефектот. Овој спреј за стајлинг е неопходен за прави стилови и е формулиран со уникатна мешавина на состојки кои ја штитат косата од топлина до 230 степени. Хидролизираните протеини од свила и пченица обезбедуваат оптимален елегантен финиш без разлетување и супер права коса со неверојатен, здрав сјај.
Начин на употреба:Испрскајте на влажна коса.Темелно исушете ја косата.Стилизирајте користејќи ги пеглите/фигарата веднаш штом косата ќе се исуши.
OSIS+ FLEXWAX STRONG CREAM WAX 85 ML
Ултра цврст крем восок за стајлинг кој е формулиран за да овозможи повторно стилизирање на косата одново и одново. Овој восок обезбедува ултра силна текстура, одвојување и контрола. Дополнително, овој производ ќе ви даде природен сјај без да остави никакви масни остатоци. Идеален за секојдневна употреба и лесно се отстранува.
Начин на употреба:Втријте мала количина на влажна или сува коса.Стилизирајте по желба.











