OSIS TIPSY TWIRL WAVE & CURL ENHANCING JELLY 300 ML
Желе за обликување и дефинирање на природните локни и бранови со средно задржување.Ја подобрува текстурата ,ги дефинира природните бранови и кадрици обезбедувајќи лесен волумен без крцкавост.
Начин на употреба: Нанесете на влажна коса и дефинирајте со прсти или исушете со дифузер.
OSIS+ DRY T SOFT DUST 10 GR
Лесна пудра за волумен која обезбедува поголем волумен и ја хидрира косата.Хранлива формула со екстракт од кокос и морска сол. Одржува природно движење и мекост.Посебно е погодна и за долга коса.
Начин на употреба: Се нанесува на сува коса и се стилизира по желба.
OSIS+ DUST IT 10 GR.
Повеќенаменска лесна пудра за текстура и неверојатен волумен од коренот. Дава совршен мат изглед,текстура и волумен ,24 часа контрола,и долготрајно држење и силна текстура.Можете да ја рестилизирате и усовршите фризурата во текот на денот.Се нанесување на сува коса и лесно се измива.
OSIS+ FLATLINER HEAT PROTECTION SPRAY 200 ML
Спреј за заштита на косата од термички оштетувања при стилизирањето, кој притоа го контролира разлетувањето и фриз ефектот. Овој спреј за стајлинг е неопходен за прави стилови и е формулиран со уникатна мешавина на состојки кои ја штитат косата од топлина до 230 степени. Хидролизираните протеини од свила и пченица обезбедуваат оптимален елегантен финиш без разлетување и супер права коса со неверојатен, здрав сјај.
Начин на употреба:Испрскајте на влажна коса.Темелно исушете ја косата.Стилизирајте користејќи ги пеглите/фигарата веднаш штом косата ќе се исуши.
OSIS+ FLEXWAX STRONG CREAM WAX 85 ML
Ултра цврст крем восок за стајлинг кој е формулиран за да овозможи повторно стилизирање на косата одново и одново. Овој восок обезбедува ултра силна текстура, одвојување и контрола. Дополнително, овој производ ќе ви даде природен сјај без да остави никакви масни остатоци. Идеален за секојдневна употреба и лесно се отстранува.
Начин на употреба:Втријте мала количина на влажна или сува коса.Стилизирајте по желба.
OSIS+ FREEZE STRONG HAIRSPRAY 300 ML
Лак за коса со силно задржување, кој ќе ви даде долготрајна контрола. Брзо се суши и ќе ја заштити вашата коса од надворешни влијанија. Тој е ултра лесен и лесно се четка. Помага и за заштита на косата од влажност и УВ зраци.
OSIS+ GRIP EXTREME HOLD MOUSSE 200 ML
Пена за коса која дава ултра силно задржување и огромен волумен на косата. Со природен сјај и антистатички ефект, оваа пена има термичка заштита што помага да се заштити од оштетување при сушење со фен. Обезбедува максимална контрола што ја прави идеална за екстремни стилови на коса.
Начин на употреба: Нанесете на влажна коса и стилизирајте по желба.
OSiS+ MIGHTY MATTE 100 ML
Ултра јака крема за мат изглед која обезбедува екстремно јака и долготрајна контрола, изразен мат ефект и јака текстура на косата. Идеална е за мат, бушави фризури. Не ја натежнува косата и лесно се измива.
Се нанесува мала количина на сува коса. Се стилизира и текстурира по желба
OSIS+ SPARKLER SHINE SPRAY 300 ML
Лесен спреј за сјај кој делува како совршен финиш за вашиот стајлинг. Формулиран со лесни силиконски масла кои ја измазнуваат и лесно ја уредуваат косата. Давајќи ѝ на косата лесен рефлективен сјај и дополнителен посебен допир, овој спреј за сјај ефикасно ја расплетува косата без да ја оптоварува. Совршен за сите типови коса.
Начин на употреба:Испрскајте на сува, стилизирана коса.
OSIS+ TEXTURE CRAFT SPRAY 300 ML
Сув текстурирачки спреј кој создава, обликува и дефинира волумен и текстура без да го жртвува природното чувство и сјај.
Формулиран со технологија која комбинира флексибилни полимери со микро-сурови честички за импресивна текстура. Не оставајќи видливи остатоци или крцкавост, обезбедува средна контрола без да ја натежне косата.
Начин на употреба:Испрскајте на сува коса од растојание од 30 см, кревајќи големи делови од косата за да создадете текстуриран волумен.
OSIS+ UPLOAD VOLUME CREAM 200 ML
Мултифункционален крем за волумен со средно задржување.Дава моментален, лесен волумен на сите типови коса притоа ја измазнува и ја уредува вашата коса. Формулиран со високо хидратантна мешавина од глицерин и пантенол, ја храни и хидрира косата .
Начин на употреба:Нанесете мала количина на влажна коса и фенирајте и стилизирајте по желба.
OSIS+ VOLUME UP VOLUME BOOSTER SPRAY 300 ML
Спреј за зголемување на волумен кој и дава на косата моментален волумен со текстура. Со бестежинска формулација, овој спреј овозможува флексибилна контрола на стилот и дава природно чувство на косата на допир.
Начин за употреба: Испрскајте на влажна коса.Исушете со фен и обликувајте ја косата со четка.











